• Горан Упале
Екипата на ПСЖ ја забележа дваесеттата победа во сезоната во Лига 1, откако пред својата публика со сигурни 3-1 славеше над Тулуз, а херој на европскиот шампион беше најдобриот фудбалер на светот за минатата годна Осман Дембеле.
- Извештај од натпреварот:
Првото полувреме од натпреварот понуди одличен фудбал и три гола, при што домашниот тим замина на пауза со водство од 2-1. Парижаните го отворија резултатот во 23. минута преку Осман Дембеле, кој со прекрасен волеј го совлада противничкиот голман за прва радост на шампионот. Само четири минути подоцна, гостите возвратија – Расмус Николасен погоди за 1-1 користејќи ја несигурност во одбраната на ПСЖ.
Сепак, радоста на Тулуз траеше кратко. Во 33. минута повторно на сцена стапи Дембеле, кој со својот втор гол на натпреварот донесе ново водство за ПСЖ.
Во второто полувреме, ПСЖ имаше повеќе од играта, доминираше во поседот, создаде неколку солидни шанси, а на крај тоа резултирташе со уште еден погодок. Конечните 3-1 ги постави резервистот Рамос во втората минута од судиското надополнување.





