ВИДЕО: ЕВРО-ГОЛОВИ на Гундоган и Стерлинг, Сити го искористи ремито на „Енфилд“

Фудбалерите на Манчестер Сити го искористија ремито на Ливерпул и Манчестер Јунајтед и полека, но сигурно чекорaт кон врвот во Премиер лигата. Во последниот денешен натпревар од  19. коло на англиската елита, „граѓаните“ без многу проблеми го решија Кристал Палас со 4-0 (1-0) и се искачија на втората позиција на табелата.

  • Извештај од натпреварот: 

Сега, Сити има негатива од само два бода во однос на градскиот ривал Јунајтед, но со евентуален триумф над Астон Вила во заостанатиот натпревар, може да се искачи на самиот врв и да го направи шампионатот уште поинтересен. 

Иако Кристал Палас на претходните натпревари против големите екипи знаеше да направи проблеми (освен со Ливерпул од кого загуби со 0-7), вечерва немаше никаква шанса против разиграните момци на Пеп Гвардиола. Дефанзивната тактика на највозрасниот менаџер во Премиер лигата, Рој Хоџсон, беше срушена по само 26. минута, откако дефанзивецот Стоунс со својот деби гол (по пет сезони како член на Сити) го отвори резултатот на „Итихад“, а англискиот репрезентативец и во вториот дел ја затресе гостинската мрежа, откако погоди за тогашни 3-0.

Пред вториот погодок на Стоунс, германскиот играч за врска Илкај Гундоган со еврогол зголеми на 2-0, додека конечните 4-0 ги постави Стерлиг, по неверојатно прецизен слободен удар. 

Следен предизвик за момците на Пеп Гвардиола ќе биде токму тимот на Астон Вила, против кој го играат заостанатиот натпревар од првото коло (20 јануари).