• Симеончо Стоиков
Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев го постигна својот втор гол на еден официјален натпревар сезонава, откако го зголеми водството на Џенова од 2-0 во дуелот против Перуџа во шеснаесеттина финалето од Купот на Италија. Нашиот голгетер во 37. минута од мечот од самиот раб од шенаесетникот прими една топка и од прва маестрално биеше за предност на својот клуб од 2-0.
Како што е познато Пандев беше стрелец исто така на гол и во претходната фаза од Купот, кога Џенова славеше над Лече со 3-2.