Евгениј Новак официјално претставен во Колос Коваленка

Само еден ден по простувањето и благодарноста до вардаровото семејство, украинскиот дефанзивец Евгениј Новак беше претставен во новиот клуб. После пет години минати во Македонија, Новак ќе го облече дресот на Колос од Ковалевка.

Новак се враќа во украинскиот шампионат, каде претходно ги носеше дресовите на Севастопол и на Волин. Во Вардар ги мина најдобрите години и во ерата на Сергеј Самсоненко го освои домашниот шампионат, играше во групната фаза на Лига Европа, а краток период беше и капитен на Вардар. 

Се очекува деновиве уште неколку фудбалери на Вардар да пронајдат нови средини, откако претходно заминаа Жуниор и Димовски, а пред потпис со албанска Тирана е Кристијан Тошевски. 

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.