ВИДЕО: Евертон во завршните минути се избори за бод против Кристал Палас

Екипата на Евертон ремизираше во 25. коло од англиската Премиер лига и на домашен терен одигра со резултат 1-1 (0-0) против незгодниот тим на Кристап Палас. 

  • Извештај од натпреварот: 

Првото полувреме не понуди апсолутно никаква возбуда за публиката, двете екипи играа многу внимателно и имаа само по една шанса на двете страни, а на паузата останаа почетните 0-0. Сликата се промени во вторите 45 минути, а најпрво гостите го отворија резултатот во 66. минута, кога Џордан Ају стрелаше прецизно за 0-1. 

Евертон беше решен да не загуби и тргна во поголема офанзива, а притисокот вроди со плод дури во последните десетина минути од мечот. Се играше 84. минута, кога Белгиецот Амаду Онана успеа да го израмни резултатот и донесе голема радост за домашните навивачи, а овој гол воедно се покажа и како последен на овој дуел. 

Домаќините до крајот на мечот се обидоа да дојдат до пресврт и евентуален триумф, но гостите од Лондон го издржаа налетот и извојуваа реми со конечни 1-1. Кристал Палас сега има 25 бода и ја зазема 15. позиција на табелата, додека Евертон е две места подолу, со вкупно 20 бодови на своето конто. 

Состави

Шон Дајч

4-4-1-1

    Оливер Гласнер

    4-3-3