• Иван Димовски
Англиската Премиер лига направи преседан и го казни Евертон со одземање на десет бода поради кршење на финансиските правила.
Иако „карамелите“ ја признаа вината за прекршоците, сепак поднесоа жалба за висината на казната. Со одземените бодови клубот е во сериозни проблеми и го чека тешка битка за опстанок во елитниот ранг на фудбалот. Така од 14. позиција на табелата паднаа на 19. место.
Во Евертон сметаат дека казната е неправедна, поднесоа жалба и истата ќе биде предмет на разгледување.
Навивачите имаат јасен став на оваа тема, ја обвинија Премиер лигата за корупција и не беа воопшто суптилни. Со транспаренти, налепници и коментари на социјалните мрежи повикуваат на казни за Сити и Челзи, кои исто така се под истрага.