ВИДЕО: Митровиќ херој на Фулам – во 90. минута донесе триумф во ПЛ!

Во попладневниот саботен термин во Премиер лигата се одиграа четири пресметки, а најголемото изненадување го изведе Саутемптон со победата кај Лестер. Евертон се измачи за бод со Нотингем Форест, Кристал Палас ја доби Астон Вила, а Фулам слави во голеадата со Брентфорд. 

Фудбалерите на Лестер успеаја да поведат во пресметката против „светците“, меѓутоа на крајот ги разочараа своите фанови. Натпреварот на „Кинг Пауер“ не понуди голови во првиот дел, а потоа Џејмс Мадисон донесе водство за „лисиците“ во 54. минута. По само 14 минути, Џастин си даде автогол и Саутемптон израмни. Во завршницата Че Адамс се прослави и стана херој на „светците“, откако по асистенција од Вард Праус донесе пресврт и голема победа (1-2). 

  • Лестер Сити - Саутемптон 1-2:

Евертон на Франк Лампард продолжи да се мачи и по три кола и натаму е без победа, но сега освои бод против Нотингем Форест (1-1). Пресметката на „Гудисон Парк“ долго беше тактичко надмудрување, во главна улога беа голманите Пикфорд и Хендерсон, а голови немаше до последните десет минути. Џонсон ги доведе „шумарите“ во предност, за потоа во 88. минута Демарај Греј да израмни и да донесе бод за „карамелите“. 

  • Евертон - Нотингем Форест 1-1:

Голеадата на „Крејвен Котиџ“ заврши со хепи-енд за Фулам, кој со 3-2 славеше против Брентфорд. Во првите 20 минути домаќинот дојде до двојна предност преку Реид и Палиња, а до паузата Норгард намали на 2-1. На стартот на продолжението Брентфорд имаше поништен гол, за потоа во 71. минута Туни да израмни. Сепак, во последната минута од регуларниот тек на мечот, Александар Митровиќ пак стана херој на Фулам со гол за победата. 

  • Фулам - Брентфорд 3-2:

Кристал Палас сигурно го доби дуелот со Астон Вила со 3-1, иако губеше со 0-1. Воткинс погоди за предност на тимот на Џерард, Заха израмни, Палас имаше поништен гол и нереализиран пенал, за одново Заха да стрела за пресврт. До крајот погоди и Матета за конечниот резултат. 

  • Кристал Палас - Астон Вила 3-1:

Во пладневниот термин Тотенхем минимално го совлада Вулверхемптон (1-0). 

Состави

Marco Silva

4-2-3-1

    Thomas Frank

    4-3-3