ВИДЕО: Евертон со трет последователен триумф на „Гудисон парк“, овојпат совладан Свонси

Евертон насловна

Последниот натпревар од 18. коло во Премиер лигата донесе победа за Евертон, кој пред своите гледачи на „Гудисон парк“ го совлада Свонси (3-1) и ја продолжи позитивната серија во домашниот шампионат. Гостите имаа можност за изненадување и поведоа, но „карамелите“ со пресврт и три гола во вториот дел се искачија во првата половина на табелата.

По долго надмудрување и изедначена играна почетокот, гостите беа тие кои го отворија резултатот во 35. минута. Грешка направи домашниот дефанзивец, Ешли Вилијамс кој не успеа да остане покрај својот човек, Лерој Фер. Гостинскиот фудбалер немаше проблеми да ја смести топката во небранетата мрежа откако остана небранет на подалечната статива и донесе радост за својот тим.

И вториот погодок пристигна по грешка на еден дефанзивец, но овојпат тоа беше Роке Меса, фудбалерот на Свонси. Тој направи прекршок во дуелот со Арон Ленон, по што главниот судија покажа на белата точка. Пеналот го промаши Вејн Руни, но брза реакција имаше Калверт-Левин и израмни на 1-1 пред паузата.

Целосен пресврт донесе Сигурдсон, кој испрати прекрасен удар од 25 метри и ја најави победата во второто полувреме. Конечниот резултат го постави Руни, кој не пропушти да го реализира вториот удар од белата точка и го постигна десеттиот сезонски гол.