ВИДЕО: Евертон со ефектен гол во 96. избегна пораз од Манчестер Јунајтед!

Евертон и Манчестер Јунајтед одиграа 2-2 во третото коло од Премиер лигата, во натпревар кој донесе целосен голема драма во самата завршница. 

  • Извештај од натпреварот:

Првото полувреме не понуди погодоци на новиот „Хил Дикинсон“ стадион. Гостите поведоа во 47. минута преку Брајан Мбеумо, кој со прецизен удар со левата нога го совлада Џордан Пикфорд  за 0-1 на „црвените ѓаволи“. 

Евертон возврати во 83. минута, кога Тајрик Џорџ го израмни резултатот (1-1) по асистенција од Хакни. Јунајтед повторно дојде до предност само пет минути подоцна. Лук Шо нафрли од левата страна, а Бенџамин Шешко со глава погоди за 1-2. Сепак, домаќинот не се откажа и во шестата минута од судиското надополнување стигна до бод. Ејнсли Мејтланд-Најлс со фантастичен удар од далечина го матираше Сем Ламенс и постави конечни 2-2.

Јунајтед пропушти да ја запише втората победа во низа, откако во последните секунди му дозволи на Евертон да го впише второто реми.