ВИДЕО: Евертон првпат победи сезонава, „чеканите“ тонат на табелата

Во еден од ретките натпревар под нивото на Премиер лигата сезонава, Евертон го совлада Вест Хем со 1-0 (0-0) и даде малку надеж по песимистичкиот старт за екипата на Франк Лампард. Последниот натрпевар од осмото коло донесе малку шанси и еден гол во мрежата на гостите од Лондон. 

  • Извештај од натпреварот: 

Двете екипи не се во најдобра форма и тоа можеше да се забележи во првиот дел. „Карамелите“ повеќе ја имаа топката во нозете, но не креираа шанси. На спротивната страна „чеканите“ често го прескокнуваа средниот ред и се обидуваа со долги топки кон Антонио. Сепак, немаше ниту шанси, ниту голови во првите 45 минути. 

Двата тренери Лампард и Мојс веројатно го подигнале гласот на полувреме и во вториот дел ритамот беше посилен и веднаш дојде до промена на резултатот. По акцијата на Алекс Ивоби, Нил Мoпеj се придодаде и ја погоди мрежата на Фабијански (1-0).  

Мојс изврши офанзивни замени, но до крајот шанси имаше само Евертон. Ако беа поконцентрирани „сините“ можеа победата да ја направат поубедлива. Во судиското надополнување Тарковски од самата гол линија спаси израмнување и започна радоста на „Гудисон парк“. На „чеканите“ не им помогна ниту новајлијата Пакета, кој за клупски рекорд потпиша од Лион.

Ова е прва победа сезонава за „карамелите“, кои со седум бода бегаат од дното, каде што останува Вест Хем со само четири бода.

Состави

Френк Лампард

4-3-3

    Дејвид Мојс

    3-4-3