• Мартин Танасковски

Италијанската фудбалска легенда Фабио Канаваро би можел да работи во Премиер лигата и да го преземе Евертон кој пред извесен период остана без тренер.
По разделбата со Рафаел Бенитез, „карамелите“ се во потрага на нов стратег. Канаваро е тренер од 2014 година, а во последните години работеше во Кина. Претходно, беше дел и од Ал-Наср.
Последен ангажман на Канаваро му беше во Гвангжу Евергранде, од каде си замина во месец септември.
Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк