• Иван Димовски
Екипите на Сандерленд и Евертон одиграа нерешени 1-1 во завршната средба од десеттата рунда на Премиер лигата. Со ова реми Сандерленд остана во топ четири, додека Евертон скокна една позиција и сега е дванаесетти.
- Извештај од натпреварот:
Од воведната минута „карамелите“ беа подобар противник на „Стадионот на светлоста“. Се закануваа Џејмс Гарнер и Тиерно Бери, ама резултатот остана непроменет. Првиот гол во домашната мрежа беше дело на Илиман Ндијае кој во 15. минута погоди за 0-1. По украдена топка крај аут линијата играчот за врска повлече до шеснаесетникот и убаво реализира за водство.
Имаше Евертон уште две шанси преку Грилиш и Бери, додека до паузата за Сандерленд се заканија Гертруда и Балард. Израмнувањето дојде веднаш на стартот на второто полувреме и тоа беше дело на Гранит Џака. Дефанзивниот играч за врска добро ја следеше акцијата во која Ле Фе од гужвата му ја одложи топката, а тој со помош на блокот погоди за 1-1.
До крајот доминантен беше Сандерленд, меѓутоа не успеа да стигне до втор гол и средбата заврши без победник.









