ВИДЕО: Евертон не се откажува, ги совлада „шумарите“ и направи скок од две места во Премиер

Фудбалерите на Евертон забележаа огромна победа во претпоследниот денешен натпревар од 14. коло  на Премиер лигата, откако на гости кај Нотингем Форест славеа со минимални 0-1 (0-0).

Евертон неодамна беше казнет со десет бода, но избраниците на менаџерот Шон Дајч не се откажуваат и со вечерашните три бода направија скок од две места на табелата. Моментално имаат седум бода и се на осумнаесеттото место во Премиер лигата.

Натпреварот го реши играчот од средниот ред на „карамелите“ Двајт МекНил со прекрасен гол во 67. минута. По примениот гол  Нотингем ги фрли сите карти во нападот, но гостите умешно ја сочуваа предноста и триумфално ја продолжија борбата за опстанок во елитата.

Следен предизвик на Евертон е тимот на Њукасл, кој вечерва ќе се судри со Манчестер Јунајтед, додека „шумарите“ патуваат во Лондон, кај тимот на Фулам.

Состави

Нуно Еспирито Санто

4-3-3

    Шон Дајч

    4-4-1-1