ВИДЕО: Евертон конечно заличи на себе и на погонот на Калверт-Луин го среди Фулам 

По ремито со Ливерпул и трите порази во низа, конечно радост за Евертон во Премиер лигата, откако во денешното отворање на деветтото коло во англиската елита на гости беше совладан тимот на Фулам, со минимални 2-3 (1-3).

  • Извештај од натпреварот: 

Момците на Карло Анчелоти конечно го вратија оној шарм и квалитет со кој блескаа на стартот на сезоната и имаа серија од пет победи. „Карамелите“ моќно го отворија натпреварот во Лондон и уште во првото полувреме ги решија сите дилеми околу тоа каде ќе завршат трите бода. 

Првиот стрелец на екипата оваа сезона, Калверт-Луин повторно беше во елемент и уште во првата минута го отвори резултатот, но домаќините преку Рид во 15. минута израмнија на 1-1. Сепак, во продолжение Евертон беше тој кој доминираше и многу лесно стигнуваше до противничкиот гол, а тоа резултираше со два нови гола во мрежата на лондончани. Предноста на тимот од Ливерпул ја врати Калверт-Луис со својот втор денешен гол, додека комотни 1-3 донесе летното засилување Дукуре. 

Во вториот дел Евертон целосно се повлече и дозволи Фулам да биде тимот кој ќе доминира на теренот, но домаќините не го искористија тоа во целост, затоа што преку Лофтус-Чик успеаја само да го ублажат поразот на 2-3. 

Во следното коло Евертон повторно пред себе ќе има новајлија во Премиер лигата, бидејќи ќе се судри со Лидс Јунајтед, додека Фулам гостува кај Лестер Сити, кој вечерва го игра дербито со Ливерпул.