ВИДЕО: Евертон испрати брутална порака до ПЛ, па го уништи Њукасл!

Екипата на Евертон ја продолжува битката за опстанок во Премиер лигата. „Карамелите“ кои останаа без бодови поради прекршување на финансискиот фер-плеј дома го уништија најбогатиот клуб Њукасл (3-0) и избегаа од опасната зона.

  • Извештај од натпреварот:

По подолго време тимот од Ливерпул е надвор од долниот дел кој на табелите е обележан со црвената боја. Експлозијата од голови во финишот донесе три бода на контото на Евертон, кој го впиша шестиот триумф.

Првиот гол беше дело на МекНил во 79. минута, а потоа во 86. минута Дукур стави печат на победата на домашните. Њукасл се отвори, така падна и трет гол во мрежата на „страчките“ на кој автор беше Бето во 96. минута.

Публиката имаше и протест кон Премиер лигата. Поради казната од десет поени, во 10. минута од мечот на „Гудисон парк“ се истакнаа зелени картони кај гледачите со логото од Премиер лигата, под кое стоеше „Го штитите некој, а не секој“.

Евертон на табелата е 17-ти со десет бода, а во следното коло игра дома со Челзи кој е десетти. Интересно, да не беше казната „карамелите“ ќе беа пред „сините“ на табелата. Њукасл го доживеа петтиот пораз, пред мечот со Тотенхем.

Состави

Шон Дајч

4-4-1-1

    Еди Хоу

    4-3-3