ВИДЕО: Евертон и Лампард тонат во Премиер лигата, добија „шлаканица“ и од Барнли 

Ниту Френк Лампард не го пронајде рецептот за излез од кризата на „карамелите“. Откако Рафа Бенитез  го втурна тимот длабоко во кал, младиот англиски стратег се очекуваше да биде спасителот на Евертон, но славниот англиски клуб сè уште не може да излезе од опасната зона за испаѓање и вечерва го забележа еден од најболните порази оваа сезона.

Тимот од „Гудисон Парк“ загуби со минимални 3-2, но од директен ривал за опстанок во англиската елита. Барнли одново покажа дека кога е најпотребно знае да одигра квалитетно и да ги израдува своите фанови, а до херојската победа на „Трф Мур“ стигна преку пресврт, со два гола во вториот дел. 

  • Извештај од натпреварот:

Евертон со двата гола на својата прва ѕвезда Ричарлисон имаше водство од 1-2 на полувреме, но во продолжението повторно ги покажа своите слаби страни во дефанзивата и го впиша својот 18-ти пораз оваа сезона. Првиот гол за Барнли го постигна Колонс, додека пресвртот го донесоа Родригез и Корнет.

Во следното коло, кое на програмата е овој викенд, Евертон ќе го пречека Манчестер Јунајтед, додека Барнли нови три бода ќе брка против отпишаниот Норич.

Состави

Винсент Компани

4-4-2

    Френк Лампард

    3-4-3