ВИДЕО: Евертон го згасна сонот на Вест Хем за ЛШ

Екипата на Евертон во рамки на 35. коло од Премиер лигата славеше над Вест Хем (1-0) и на лондонскиот тим му го згасна сонот наречен групна фаза во Лигата на шампионите.

„Чеканите“ на овој натпревар мораа да одат на победа, затоа што Лестер и Челзи направија голем чекор напред пред нив. Сепак, поразот скапо ќе ги чини, затоа што на три кола пред крајот разликата со екипите кои се на местата кои водат во елитата е висока.

Моментот на одлука на оваа средба се случи во 24. минута, кога Годфри го проигра Калверт-Луин, а најдобриот напаѓач на „карамелите“ успеа да ја смести топката во мрежата на противникот и да донесе триумф на тимот на Карло Анчелоти.

Вест Хем останува петти во Премиер лигата со 58 бода, пред нив е Лестер со 63 и Челзи со 64 бода. Евертон е осми со 55 бода и има шанси за настап во Конференциската лига на УЕФА или Лигата на Европа.