ВИДЕО: Евертон го „тресна“ Арсенал и трката за ЛШ ја направи уште поинтересна! 

Ако Манчестер Сити и Ливерпул се борат за шампионскиот трофеј во Премиер лигата, дури четири екипи се во тесна трка за последните две места кои идната сезона водат во Лигата на шампионите. Иако се чинеше дека во финалните кола тимот на Арсенал ќе влезе со најголема предност во однос на останатите, сепак трката ја направи уште поинтересна, откако забележа болен пораз на гостувањето кај Евертон со 1-0. 

  • Извештај од натпреварот: 

Марко Силва пред самиот почеток на дербито се соочи со голем проблем во дефанзвиата, бидејќи беше приморан ја ротира последната линија откако во последен момент се повреди Кин, па на негово место влета искусниот Јаглејка.

Но, токму поранешниот англиски репрезентативец во 13. минута им донесе почетна радост на домашните фанови, откако најдобро се снајде по една мешаница пред голот на Лено и погоди за водство на Евертон од 1-0. И покрај водството „карамелите“ не отстапија од офанзивниот фудбал и до крајот на првиот дел искусно го чуваа водството и на Арснеал не му дозволија да упати ниту еден директен удар кон голот на Пикфорд. 

За разлика од првите 45. минути, гостите во вторите тргнаа далеку помотивирано и поотворено, но повторно немаа решение во завршницата, додека на спротивната страна големи шанси за зголемување на предноста имаа Сигурдсон и Ричарлисон, но нивните удари не завршија во посакуваната цел. 

Во знак на немоќ Емери во 74. минута во игра го внесе и Ивоби на местото на Озил, но настаните на мечот не се променија и Лено повторно беше на маки, откако со крајни напори успеа да ја одбрани бомбата на Бернард. Со овој пораз „топџиите“ остануваат на четвртата позиција на табелата со 63 бода, исто колку и Челзи, еден памалку од Тотенхем кој е трет, а два повеќе од шестопласираниот Манчестер Јунајтед. 

Во следното коло Арсенал повторно ќе биде гостин, овој пад кај Вотфорд, додека Евертон ќе се судри со аутајсдерот Фулам.