ВИДЕО: Евертон го шокира Сколари, Гремио е прв полуфиналист на Либертадорес

Фудбалерите на Гремио од Порто Алегре се првиот полуфиналист на Копа Либертадорес и трета година по ред ќе играат најмалку во полуфиналето на најсилниот јужноамерикански Куп. Екипата на легендарниот Ренато приреди прворазредна сензација и по поразот пред своите гледачи со 0-1, го победи Палмеирас во Сао Паоло со 1-2 и благодарение на повеќе голови на гостински терен обезбеди полуфинале.

  • Извештај од натпреварот: 

Одлуката падна уште во раната фаза кога беа постигнати сите три гола на натпреварот. Имено, Луис Адриано во 14. минута донесе предност за „зелено-белите“ на Луис Фелипе Сколари. Сепак, само четири минути подоцна бразилскиот репрезентативец Евертон на спектакуларен начин израмни на 1-1.

Одлуката околу победникот се случи на половина од првиот дел кога Алисон по вторпат ја стресе мрежата на Вевертон за финални 1-2. 

Противник на Гремио во полуфиналето ќе биде поуспешниот од дуелот Фламенго и Интернасионал. На првата средба клубот од Рио има предност од 2-0.