ВИДЕО: Еве зошто Ришаиро Живковиќ е фудбалскиот Усаин Болт!

Холанѓанецот со српско потекло Ришарио Живковиќ во четвртокот постигна два гола во победата на Твенте во Куп натпреварот со Утрехт од 3-1, но ќе остане запаметен по фантастичниот спринт при вториот гол.

20-годишниот Живковиќ успеа во стилот на Усаин Болт, да го претрча противникот и во самиот финиш да ја потврди победата. Според некои мерења младиот фудбалер може 100 метри да ги истрча за 10,96 секунди.

Фудбалскиот сојуз на нашиот северен сосед се обиде да го убеди фудбалерот, кој има мајка Србинка да настапува за „орлите“, но тој на крајот сепак се одлучи да игра за Холандија.