• Иван Димовски

Фудбалерите на Реал Мадрид се пласираа во четвртфиналето на Лигата на шампионите, откако подобро шутираа пенали од Атлетико Мадрид (2-4, 1-0 по 120 минути).
Натпреварот на „Ванда Метрополитано“ понуди огромна борба, а на крајот решението го даде пенал рулетот. При изведувањето на пеналите се случи ретко видена сцена. Имено, откако Хулијан Алварез го реализира пеналот во втората серија, судијата Шимон Марчињак доби повик од ВАР собата.
Аргентинецот пред да шутне се лизна и со стојната нога ја допре топката пред да шутне со десната. Голот беше поништен, бидејќи пеналот беше неправилно изведен, а потоа „кралевите“ си ја завршија задачата.