ВИДЕО: Еве зошто немаше пенал за Сити кога Фред играше со рака!

Манчестер Јунајтед го изненади актуелниот шампион на Англија и славеше во градското дерби во синиот дел од Манчестер (2-1). Со головите на Рашфорд и Марсијал од првиот дел, „црвените ѓаволи" направија недостижна предност за градскиот ривал.

Спорна ситуација се случи пред крајот на првиот дел, во судиското надополнување. При обид за нафрлување на ниска топка, Фред кој беше во паѓање го погоди топката в рака и изнуди бура на негодување на трибините. Судиите од ВАР собата му јавија на Тејлор дека не е пенал и тој ја испочитува одлуката. 

  • Видео од спорниот момент

Иако многумина се сигурни дека ова е пенал, мора да се нагласи дека правилата на сојузот на Англија наведуваат дека кога играч е во паѓање и топката го погоди в рака, а таа се наоѓа меѓу неговото тело и земјата- пенал нема.