Еве за кого гласал македонскиот новинар во изборот на „Златната топка“

Меси Златна

Вчерашниот ден му припадна на Лионел Меси кој по шести пат во кариерата ја освои престижната награда на „Франс Фудбал“.

Од рацете на минатогодишниот победник Лука Модриќ, „Златната топка“ одново се најде во рацете на аргентинскиот ас. Зад него заврши најдобриот дефанзивец на светот Виргил Ван Дијк, а трет беше лутиот ривал Кристијано Роналдо.

Новинарите го кажаа своето и го изгласаа Аргентинецот за најдобар фудбалер за изминатата година, а претставникот од Македонија исто така својот глас го даде за победникот. Марио Сотировски од „Вечер“ гласаше за следните пет кандидати:

Глас од Македонија во изборот за „Златна топка“:

  • Меси
  • Салах
  • Кристијано Роналдо
  • Алисон 
  • Ван Дијк

Меси имаше фантастична сезона во која ја освои титулата во Примера, а беше и најдобар стрелец меѓу сите голгетери во Европа.