ФОТО: Еве во што се претвори стариот стадион на Атлетико Мадрид

Висенте Калдерон

Екипата на Атлетико Мадрид изгради модерна арена во „Ванда Метрополитано“ на која настапува од сезоната 2017/18.

Стариот стадион „Висенте Калдерон“ замина во историјата и деновиве е срамнет со земја. Остана само една трибина, а остатокот се користи како пат по кој што се движат автомобили.

Цената за рушењето на стариот стадион на „јорганџиите“, кој се користеше од 1966 до 2017 година, досега чини околу 40 милиони евра.

Фановите кои ги погледнаа овие фотографии на социјалните мрежи напишаа голем број носталгични пораки...