ВИДЕО: Еве што се случуваше пред инцидентот меѓу Пепе и Алиоски

Алиоски

Македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски беше вмешан во инцидентот по кој Николас Пепе заработи црвен картон.

Скапото засилување на Арсенал влезе во конфликт со дефанзивецот на Лидс Јунајтед и на крај го удри со глава. Падот на нашиот интернационалец беше доволен за судијата да го испрати гостинскиот фудбалер кон соблекувалната.

Пред моментот кога се случи инцидентот, Алиоски и Пепе имаа неколку жестоки дуели. Од двете страни беше користен физички контакт за да се испровоцира противникот.

На крај попуштија нервите на фудбалерот на Арсенал кој го остави тимот на цедило. Сепак, „топџиите“ си заминаа дома со еден освоен бод, откако ги одбија сите напади на екипата предводена од Марсело Биелса.