Еве што рече младата ѕвезда на Реал за да поцрвене, го чека суспензија!

Фудбалерите на Реал Мадрид претрпеа неочекуван пораз во 26. коло од шпанската Примера, откако на домашен терен загубија од Хетафе со минимални 1-0. Со овој неуспех, „кралскиот клуб“ заостанува четири бода зад водечката Барселона во трката за шампионската титула.

Натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“ беше обележан со зголемена тензија, особено во завршницата, кога нервозата кај домашните фудбалери беше очигледна. Кулминацијата се случи длабоко во судиското продолжение, кога младиот аргентински фудбалер Франко Мастантуоно заработи директен црвен картон.

Незадоволен од арбитражата, 19-годишниот играч бурно реагирал кон главниот судија Алехандро Муниз Руиз, по што без двоумење бил испратен во соблекувалната. Според информациите на шпанскиот спортски весник „Марка“, во службениот извештај по натпреварот арбитерот навел дека фудбалерот му се обратил со навредливи зборови.

„Ми се обрати викајќи: Каков срам, каков е**н срам“, стои во извештајот на судијата.

Поради ваквиот испад, младиот Аргентинец го очекува суспензија до три натпревари, што дополнително ќе ги усложни плановите на тренерскиот штаб во клучниот дел од сезоната.