Еве сè што треба да знаете за четвртфиналето на Светското првенство

Со одигрувањето на вчерашните натпревари меѓу Аргентина и Египет, односно Швајцарија и Колумбија се комплетираше осминафиналната фаза на Светското првенство. 

Аргентинците и Швајцарците се последните патници во четвртфиналето и тие го формираа последниот пар. На останатите терени веќе беа формирани паровите и тоа: Франција игра со Мароко, Шпанија ќе се судри со Белгија, а Норвешка ќе ја предизвика Англија. 

Веќе се познати и официјалните термини за одигрувањето на овие пресметки. 

  • Четвртфинални парови и термини на Мундијалот:

Франција - Мароко (четврток, 9 јули, 22:00 часот, „Жилет Стадион“ - Бостон)
Шпанија - Белгија (петок, 10 јули, 21:00 часот, „СоФи Стадион“ - Инглвуд)
Норвешка - Англија (сабота, 11 јули, 23:00 часот, „Хард Рок Стадион“ - Мајами)
Аргентина - Швајцарија (недела, 12 јули, 03:00 часот, „Ароухед Стадион“ - Канзас Сити)

Првото полуфинале во кое вкрстуваат Франција/Мароко и Шпанија/Белгија е на програмата на 14 јули во 21:00 часот, а второто во кое ќе се судрат Норвешка/Англија против Аргентина/Швајцарија е ден подоцна во истиот термин. 

Мечот за третото место се игра на 18 јули во 23:00, додека големото финале е на 19 јули (недела) во 21:00 часот.