Еве под кој услов Интер ќе му каже „да“ на Челзи за Лукаку

Интер не сака во моментов да го продаде најдобриот играч Ромелу Лукаку, меѓутоа ако на адреса на калчолигашот пристигне подобрена понуда од редовите на Челзи, управата ќе разгледа да ја промени одлуката.

„Кориере дело спорт“ пишува дека Интер ја одбил понудата од 100 милиони евра плус Маркос Алонсо за Ромелу Лукаку. Меѓутоа, премиерлигашот не планира да се откаже, па ќе испрати понуда од 130 милиони евра за Белгиецот.

Доколку дојде таа подобрена понуда, тогаш управата на Интер ќе прифати да го продаде најдобриот стрелец. Меѓутоа, ако Интер прифати, трансферот може да не се реализира доколку Ромелу Лукаку одбие да премине во Челзи и не ги договори личните услови.

Лукаку претходно беше дел од Челзи, каде играше од 2011 до 2014 година, ама запиша само 15 меча за премиерлигашот.

Прочитајте повеќе околу тековните трансфери во Македонија и светот на ОВОЈ линк.