ФОТО: Еве на кои балкански стадиони би се играло СП 2030!

На предлог на грчкиот премиер Алексис Ципрас, неколку балкански држави ја разгледуваат можност да се кандидираат за заедничко организирање на Светското фудбалско првенство во 2030 година. 

Србија, Романија, Бугарија и Грција се земјите кои ќе се вклучат во трката за Мундијалот, а српски „Телеграф“ открива кои стадиони би можеле да бидат домаќини на најголемите фудбалски ѕвезди.

1. Национален стадион во Букурешт

Година на отворање: 2011 година

Капацитет: 55.600

2. Стадион „Рајко Митиќ“ - Белград

Година на отворање: 1963

Капацитет: 55.538

3. Стадион Партизан - Белград

Година на отворање: 1951 година

Реновиран: 1998, 2010, 2014, 2015

Капацитет 32.710 - треба да се реновира до капацитет од 35.000

4. Национален стадион на Србија

Година на отворање: Допрва ќе се гради

Капацитет: 60.000

5. Стадион „Васил Левски“ - Софија

Година на отворање: 1953 година

Реновиран: 1966, 2002, 2012, 2015

Капацитет: 44.000

6. Олимписки стадион Атина „ОАКА Арена“

Година на отворање: 1982

Капацитет: 75.000

7. „Караискиски“ - Атина

Година на отворање: 1896

Реновиран во 1964, 2004 

Капацитет: 32.115

8. Нов стадион на ПАОК Солун 

Година на отворање: 2020

Капацитет: 33.000 - минимум

9. Стадион „Св. Софија" - Атина, новиот стадион на АЕК

Година на отворање: 2020 

Капацитет: 34.000

За жал, нашата држава не е вклучена како можна опција за организација на овој спектакл, кој ќе биде јубилеен, односно ќе ја прослави 100-годишницата од првото Светско првенство во Монтевидео, Уругвај.