Еве колку животи одзеде дербито меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид

Лив Атл

Реваншот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Ливерпул и Атлетико Мадрид крена огромна прашина, поради одигрувањето со полни трибини на „Енфилд“.

Последиците од групирањето во период кога коронавирусот беше голема закана беа пресметани пред неколку дена. Анализата тврди дека животот го загубија 40 лица кои беа дел од овој спектакл, кој заврши во полза на „јорганџиите“ на Диего Симеоне.

Тоа беше еден од последните натпревари во Европа кои се одиграа со публика. На култниот стадион присуствуваа 50.000 навивачи, од кои 3.000 допатуваа од Шпанија за да го бодрат својот тим.

Организаторите на осминафиналниот реванш инсистираат дека биле спроведени сите превентивни мерки, според препораката на медицинските органи.

Ковид-19 одзеде речиси 30.000 животи во Шпанија, а нешто повеќе, поточно 37.000 во Велика Британија.