• Мартин Танасковски
Македонскиот вицепрвак Шкендија го заврши својот европски настап во квалификациите за Конференциската лига, што значи дека тетовскиот клуб го заокружи финансискиот ефект од летната европска авантура.
Според системот за распределба на наградниот фонд на УЕФА, клубовите добиваат по 175.000 евра за секое одиграно квалификациско коло, а дополнително следува и бонус за елиминација во зависност од фазата во која завршува настапот. Тетовци летово успешно ги минаа Европа од Гибралтар и словенечки Браво, но беа запрени од шкотски Хибернијан во третото квалификациско коло од Конференциската лига.
За настапот во второто квалификациско коло Шкендија ќе добие 175.000 евра, исто толку и за учеството во третото коло, додека елиминацијата во оваа фаза носи дополнителен бонус од 550.000 евра.
Така, вкупната заработка на тетовскиот прволигаш од овогодинешните квалификации во Конференциската лига изнесува повеќе од 1.000.000 евра.











