Еве колку пари доби Шкендија со влезот во Конференциската лига!

Пласманот на тетовска Шкендија во групната фаза на Конференциската лига не е само спортски успех, туку и значаен финансиски поттик за клубот. Благодарение на влезот во групната фаза, „црвено-црните“ веќе обезбедија над три милиони евра приход, што претставува еден од најголемите финансиски инјекции во историјата на клубот.

Според правилата на УЕФА, самиот влез во групната фаза носи загарантирани 3,2 милиони евра. Финансиската корист, сепак, не застанува тука. Во групната фаза на Конференциската лига секоја победа се наградува со дополнителни 400.000 евра, а секое реми носи 133.000 евра. 

Тоа значи дека секој позитивен резултат може значително да ја зголеми сумата што клубот ќе ја инкасира, што е особено важно за развојот и стабилноста на екипата на подолг рок. Со овој пласман, тетовскиот клуб ја испиша најсветлата страница во својата историја.