Еве кога УЕФА ќе ја донесе конечната одлука за казната на Роналдо

Вчерашната вечер во Лигата на шампоните беше одбележана со црвениот картон на Кристијано Роналдо на „Местаља“.

Во еден дуел со Џејсон Муриљо, Португалецот заработи исклучување при резултат 0-0 и ја отежна работата на својата екипа. Сепак, Миралем Пјаниќ искористи два удари од белата точка и донесе победа за „бјанконерите“, кои позитивно ја започнаа новата сезона во Европа.

Сите се во исчекување на казната за Роналдо, кој сигурно ќе го пропушти следниот меч против Јанг Бојс, а би можел да не патува и за судирот на „Олд Трафорд“, против поранешната екипа Манчестер Јунајтед.

Познато е кога дисциплинскаа комисија на УЕФА ќе одлучува за неговата пауза од терените. Се очекува состанокот да се одржи на 27 септември, што значи дека за една недела ќе знаеме кој ќе биде конечниот исход.