• Горан Упале
Дани Себаљос ќе мора да мирува шест до осум недели поради повредата со која се здоби на натпреварот против Бетис во последното коло од шпанското првенство. Ова претходно го потврдија и лекарската служба на клубот, истакнувајќи дека играчот од средниот ред се здобил со истегнување од трет степен што ги зафати лигаментите на десниот зглоб. Како изгледа неговиот скочен зглоб со таа дијагноза, објави Себаљос на социјалните мрежи.
Себаљос за првпат во стартниот тим на Реал играше против Бетис и само втор сезонава. Но, резултат на сето ова е проширување на листата на повредени играчи од средниот ред на Реал. Заедно со него од неодамна се и клучните играчи од средниот ред Џуд Белингам и Едуардо Камавинга кои се повредија претходно, а на повреда се пожали и Чуамени.
Реал моментално има само тројца здрави играчи од средниот ред. Тоа се Федерико Валверде, Арда Ѓулер и Лука Модриќ.