Еве го „новиот Баерн Минхен“ – составот кој ќе ја напаѓа титулата во ЛШ

Германскиот бундеслигаш Баерн Минхен беше еден од најактивните од најквалитетните пет фудбалски лиги во Европа ова лето и донесе неколку фудбалери со кои значително го засили составот.

Фаворитот за титула во Бундеслигата, сега на хартија изгледа како сериозен тим за освојување на Лигата на шампионите. Тренерот Нико Ковач состави одличен тим и донесе неколку млади и неколку искусни играчи со кои го освежи составот на „баварците“.

Новиот Баерн Минхен се очекува да игра во 4-2-3-1 формација, а да биде во следниот состав: Ноер; Кимих, Павард, Суле, Алаба; Горецка, Тиаго; Гнабри, Кутињо, Коман; Левандовски

Може ли бундеслигашот да ја освои Лигата на шампионите?