Еве ги најважните датуми во новата сезона на Лигата на шампионите

Фудбалските фанови во Европа одново со нетрпение го чекаат стартот на новото издание на Лигата на шампионите, откако Реал Мадрид го крена трофејот на крајот на оваа сезона. 

УЕФА веќе ги одреди најважните датуми за следната сезона. Првото коло од групната фаза ќе започне порано од обично поради Светското првенство, на шести и седми септември, а ќе заврши на втори ноември.

  • Датуми за групната фаза во Лигата на шампионите: 

Прво коло: 6-7 септември
Второ коло: 13-14 септември
Трето коло: 4-5 октомври
Четврто коло: 11-12 октомври
Петто коло: 25-26 октомври
Шесто коло: 1-2 ноември

Нокаут рундите продолжуваат стандардно, на 14 и 15 февруари со осминафиналето, на средината на април е четвртфиналето, додека полуфиналето е во мај. Трофејот ќе биде доделен по финалниот меч на десетти јуни, на турски „Ататурк“. 

  • Датуми за нокаут рундата во Лигата на шампионите: 

Осминафинале: 14-15/21-22 февруари и 7-8/14-15 март
Четвртфинале: 11-12 и 18-19 април
Полуфинале: 9-10 и 16-17 мај
Финале: 10 јуни

Трофејот во Лигата на шампионите ќе го брани Реал Мадрид. Засега се сигурни само тимовите во првиот шешир, и тоа: Реал Мадрид, Ајнтрахт Франкфурт, Манчестер Сити, Милан, Баерн Минхен, ПСЖ, Порто и Ајакс. Останатите ќе се распределат според коефициентот на УЕФА.