ВИДЕО: Еве ги милиметрите кои ќе го одлучат првакот на Англија

Манчестер Сити славеше витална победа за одбрана на титулата кај Барнли со 0-1, а голот вреден три бода, а можеби и титула, го постигна Агуеро, откако гол-технологијата потврди дека топката ја поминала гол линијата за 29,5 милилиметри.

Слична ситуација донесе директниот дуел за титулата меѓу Манчестер Сити и Ливерпул. При 1-1, Мане беше блиску да донесе предност на „црвените“, но топката за 12 милиметри со цел обем не ја помина гол линијата, па Лапорт ја исфрли топката во поле.

Подоцна Сити го доби дуелот со 2-1, со победносниот гол на Агуеро и од тој момент започна враќањето на „граѓаните“ во борбата за титулата. Во овие десетина милиметри можеби и лежи новиот шампион на Англија. 

  • Голот на Агуеро против Барнли: 

  • Интервенцијата на Лапорт по шансата на Мане: 

На две кола до крајот на Премиер лигата, Манчестер Сити има еден бод предност пред Ливерпул и сам од себе зависи дали ќе ја освои титулата или не.