Еве доказ дека Симеоне го претвори Атлетико во „рудник за злато“

Симеоне Атлетико

Осма сезона во низа екипата на Атлетико Мадрид ќе игра во Лигата на шампионите. Сето тоа благодарение на Диего Симеоне, кој откако пристигна го промени правецот на развој на мадридскиот клуб.

Неговиот трансфер значително ја збогати и касата на „јорганџиите“ кои прават вртоглави и за минатото незамисливи заработки секоја наредна сезона. Практично, со доаѓањето на аргентинскиот тренер тимот прерасна во гигант и еден од клубовите со најголема годишна заработка.

Доказ за тоа се бројките кои ги отсликуваат приходите во изминатите седум сезони:

1 - 2013/15 - 50,048,000 евра
2 - 2014/15 - 43,723,000 евра
3 - 2015/16 - 69,665,000 евра
4 - 2016/17 - 60,615,000 евра
5 - 2017/18 - 31,730,000 евра
6 - 2018/19 - 85,650,000 евра
7 - 2019/20 - 76,300,000 евра
Вкупно - 417,731,000 евра

Оваа сезона фудбалерите на Симеоне во четвртфиналето од Лигата на шампионите ги чека РБ Лајпциг, кој е поволен противник, против кој можат да остварат позитивен резултат. Тоа значи дека заработката на Атлетико би можела дополнително да се зголеми до крајот на тековната сезона.