Ева Карнеиро: Еден новозаразен во Премиер и ќе има колапс, тотален распад

Ева Карнеиро, некогашниот член на докторскиот тим на Челзи, смета дека продолжувањето на Премиер лигата би бил многу ризичен потег по здравјето на луѓето. 

Англискиот шампионат како и останатите во Европа е ставен во мирување, поради пандемијата, а засега нема најави кога точно ќе продолжи сезоната. Како што одминува времето, така сè повеќе луѓе сметаат дека продолжението никогаш нема да се случи.

„Еден новозаразен, само еден, и ќе имаме колапс, тотален распад. Нема да се игра, затоа што животите им се загрозени. Ризикот е голем, ако Премиер лигата продолжи, тогаш решение е само масовно тестирање. Ништо друго“, вели Карнеиро.

Што точно ќе се случи во Премиер лигата наскоро треба да дознаеме, но ситуацијата со пандемијата во Велика Британија не е охрабрувачка, затоа што до вчера има 171.000 заразени, а починале 26.771 луѓе.