Еуромилк мина лесно кај фенерџијата Зајас

Екипата на Еуромилк го одигра заостанатиот натпревар од првото пролетно коло во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ) и мина лесно кај фенерџијата Зајас, кого го совлада со 0-3 (0-2).

Фаворитот ги прокнижи посакуваните три бода, а до триумф го носеа Иван Галевски кој погоди во 16. минута, Валентино Рафески кој веднаш потоа постигна брз гол во 19. минута, како и Никола Ѓурчиновски кој стави точка во 69. минута.

Еуромилк со овој триумф е на петтото место во ВМФЛ со 25 освоени бода, три помалку од второпласираниот Велазерими.