Еуромилк го назначи новиот тренер за спас во ВМФЛ

Нов шеф на стручниот штаб на ФК Еуромилк ГЛ е докажаниот и искусен тренер Љупчо Димовски кој доаѓа на местото на Јован Трајков кој пред повеќе од една седмица си даде оставка.

Во својата тренерска кариера, Димовски работеше во повеќе македонски клубови, меѓу кои Вардар, Металург, Балкан, Скопје, Кожув, Тетекс и Хоризонт Турново, а тренерски ангажмани имаше и во Грција, каде што беше дел од Касторија, Јанина, Кавала, Пиерикос и Трикала.

Како голман, Димовски настапуваше за повеќе реномирани македонски клубови, меѓу кои Вардар, Металург, Тетекс, Победа, Беласица и Работнички.

Еуромилк ГЛ по шест одиграни меча има само четири бода и се наоѓа во долниот дел од табелата во ВМФЛ, што значи дека го чека битка за спас.