• Зоран Мишевски
Аргентинскиот талент Франко Мастантуоно пристигна во Фиренца каде што доби спектакуларен пречек од стотици навивачи на Фиорентина пред медицинските прегледи и официјалното потпишување на договорот. Тој доаѓа како едногодишна позајмица од Реал Мадрид до јуни 2027 година.
Аргентинецот доаѓа на чиста позајмица без опција или обврска за откуп по завршувањето на сезоната. Неговата нето плата од 3,5 милиони евра ќе биде поделена 50/50 помеѓу Реал Мадрид и Фиорентина. Мастантуоно поседува и италијански пасош, што значи дека нема да зазема место за играч надвор од Европската унија. Избра заминување во Италија и покрај тоа што имаше уште 7-8 други понуди од Шпанија и Франција.
По трансферот од Ривер Плејт во Мадрид за 45 милиони евра, младиот 18-годишен офанзивец имаше комплицирана сезона со ограничена минутажа во Примера. Раководството на шпанскиот гигант смета дека под водство на Фабио Гросо во Серија А, тој ќе добие континуиран простор за игра и соодветен развој.
Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.





