Етникос ја потврди разделбата: Ангеловски, ти благодариме за сè!

Игор Ангеловски и официјално повеќе не е тренер на Етникос Акна, откако кипарскиот клуб му ја прифати оставката и ја потврди разделбата. 

Од Етникос му се заблагодарија на Ангеловски за неговата работа во првата полусезона од шампионатот. Исто така, благодарност му упатија и на Милан Илиевски кој беше негов асистент. 

„Тренеру, ти благодариме. 

Ти благодариме за целата напорна работа и професионализам, но и за етиката и коректниот однос кон клубот и сите околу него. 

Сакаме да му се заблагодариме и на асистентот Милан Илиевски за соработката и посветеноста на клубот. Ви посакуваме само успеси“, стои во објавата на клубот.

Ангеловски работата во Етникос беше четврти клупски предизвик во кариерата, трет меѓународен. Во минатото популарниот Мрме работеше во Работнички, Горица (Хрватска) и Каспиј (Казахстан), а најголемиот успех го направи со репрезентацијата на Македонија со пласманот на Европското првенство.

Токму Игор Ангеловски е една од двете опции за наследник на Благоја Милевски, заедно со тренерот на скопски Вардар, Гоце Седлоски.