• Иван Димовски

Македонскиот репрезентативец Ваљон Етеми беше стрелец во победата на неговиот Истанбулспор против Аланијаспор (2-1).
Офанзивниот фудбалер за врска даде убав погодок, откако доби топка низ одбраната од Рока, па одлично стрела за водство (1-0). Етеми на убав начин се снајде, со лоб го матира противничкиот голман, за гол кој го отвори натпреварот.
Во продолжението Кавалеиро донесе израмнување за гостите, меѓутоа Гултекин ја обезбеди победата.