ВИДЕО: Етеми распали од далечина и постигна гол-убавец против Самсунспор

Етеми

Македонскиот интернационалец Валон Етеми постигна гол-убавец во победата на Истанбулспор на дуелот со Самсунспор.

24-годишниот напаѓач без двоумење шутираше од далечина и на прекрасен начин го пронајде патот до гостинската мрежа. За него ова е трета сезонска реализација во втората по ранг лига во Турција.

Етеми ја игра втората сезона во турскиот клуб, за коj во тековната сезона запиша 16 настапи.