„ЕСПН“ открива: ПСЖ и Интер го посакуваат ЕНИС БАРДИ!

Барди насловна

Само една сезона му беше потребна на Енис Барди да експлодира во Примера и да го привлече вниманието на неколку големи европски клубови. Како што открива „ЕСПН“, ова лето за потписот на македонскиот репрезентативец ќе се борат гигантите ПСЖ и Интер

Барди благодарение на одличните игри во Ујпешт, како и за македонската младинска репрезентација ова лето се пресели во редовите на Леванте, каде блесна на голем број натпревари и со девет гола е прв стрелец на тимот од Валенсија

Шпанскиот клуб за овој трансфер потроши 1,5 милиони евра, но сега, цената на трансфер-пазарот дефитинивно е многу поголема. ПСЖ и Интер се првите екипи кои „фрлија око“ за македонскиот мајстор за слободни удари, а за да го добијат неговиот потпис ќе треба да потрошат „само“ 25 милиони евра, колку што вреди неговата откупна клаузула.