ВИДЕО: Еспањол во последната секунда се спаси против Севиља, нова спектакуларна победа на Алавес!

Супер-финиш и реми во последните мигови од дуелот со кој се затвори фудбалската недела во Шпанија.

  • Еспањол - Севиља 1-1:

Натпреварот помеѓу Еспањол и Севиља, во рамките на четвртото коло на Примера, заврши со резултат 1-1. Гостите поведоа со голот на Лукас Стасин во 84. минута, а Маркос Фернандез израмни во седмата минута од судиското продолжение. Севиља го заврши натпреварот со играч помалку по црвениот картон на Аруна Санганте во 55. минута.

  • Алавес - Осасуна 5-2:

Алавес ја совлада Осасуна со 5-2 во спектакуларен натпревар со седум голови. Домаќините доминираа на стадионот „Мендизороза“ и со оваа победа се искачија на второто место на табелата со вкупно 10 бода. Главна фигура на натпреварот беше аргентинскиот напаѓач Лукас Боје, кој постигна хет-трик за тимот на Алавес. 

  • Малага - Леванте 0-0:

Без голови заврши натпреварот на „Ла Росаледа“ меѓу Малага и Леванте.