ВИДЕО: Еспањол се врати од 0-3 и освои „златен“ бод против Атлетико

Завршницата на сезоната во Примера ќе биде неверојатно интересна во битката за опстанок. Еспањол се врати од 0-3 и освои бод во дуелот од 36. коло против Атлетико Мадрид во Каталонија (3-3). Екипата на Чоло Симеоне започна самоуверено и Саул и Гризман во првиот дел донесоа двојна предност за фаворитот.

  • Еспањол - Атлетико Мадрид 3-3:

Кога на почетокот на вториот дел Јаник Фереира Караско погоди за 0-3, изгледаше извесно која екипа ќе ги освои бодовите. Но, домашниот стручен штаб ја разбуди екипата со замените и Цезар Монтес, Хоселу од пенал и Вини Соуса израмнија на 3-3. Дури и „сино-белите“ имаа зицер за победа, но Грбиќ ги спаси гостите. Ова реми за Атлетико значи пад на третото место, по победата на Реал против Рајо Ваљекано. 

Големи три бода освои Хетафе, кој на гостувањето кај Бетис славеше со 0-1. Омар Алдерете во 69. минута го постигна единствениот гол за екипата на Бордалас.

  • Бетис - Хетафе 0-1:

Викендов се играат натпреварите од 37. коло, а Примера официјално завршува на четврти јуни. 

Состави

Manolo Gonzalez

5-3-2

    Диего Симеоне

    5-3-2