ВИДЕО: Еспањол не успеа да се доодбрани и испушти победа во Билбао

Фудбалерите на Еспањол продолжуваат со одличните игри во последниот период во Примера, по кои драстично ја променија сликата на своите фанови во однос на стартот од сезоната во шпанскиот шампионат. 

Вечерва, во рамки на отворањето на 26. коло тимот од Каталонија приреди пријатно изненадување во Баскија, откако успеа да одолее на налетите на домашните фудбалери и да стигне до реми од 1-1 и значаен бод на своето конто. 

Домаќините имаа тотална доминација во текот на сите 90 минути, ја имаа топката во своите нозе, создадоа голем број на шанси, но на погодок први се радуваа гостите. Големата радост на фановите на Еспањол им ја донесе Ферејра уште во 9. минута од мечот, но во самиот финиш налетот на Атлетик вроди со плод и Раул Гарсија ги постави конечните 1-1. 

Во следното коло двете екипи се пред нови големи предизвици. Атлетик Билбао го игра дербито со Атлетико Мадрид, додека Еспањол ќе се сретне со Севиља.