Еспањол на две кола до крајот на Примера му врачи отказ на тренерот Морено

Еспањол, моментално 13. тим на табелата во шпанската Примера, го разреши тренерот Висен Морено, кој имаше договор до 2023 година.

Клубот одлучи да не ја продолжи соработката со Морено како тренер на првиот тим, а отказ доби и спортскиот директор Хоакин Перез Руфет.

И покрај поразот од Алавес во средата, Еспањол одамна го обезбеди опстанокот во шпанската елита. Сепак, Морено не успеа да ги убедли челниците на клубот дека има квалитети да го води тимот, па доби отказ на две кола пред крајот на првенството, откако во последните пет кола Еспањол освои само еден бод од можни 15.

Морено пристигна на клупата на Еспањол во август 2020 година, кога клубот беше второлигаш. Пред тоа ги водеше Херез, Гимнастик и Мајорка.